ВИДЕО: Автобуси на „Нехар травел“ вратени од граница, сакале да носат патници на тура спротивно на мерките од Владата

Од:

Автобуси на „Нехар травел“ останаа на граничниот премин Блаце и не им беше дозволен излез од државата согласно заклучокот на Владата со цел превенција од ширење на коронавурсот, а на ова претходела расправија меѓу патниците и сопственикот на компанијата кој не дозволувал откажување на турата и рефундирање на средствата. Тие се вратени назад во Скопје, а во двата правци беа следени со полициски возила.

Патниците барале да се откаже турата поради актуелната состојба, но сопственикот на туристичката компанија не дозволил и настојувал да се оди на патувањето. Некои од патниците и по цена да не им се вратат уплатените средства не заминаа за Црна Гора, а останатите, околу 20 лица, заминаа за да не им пропаднат парите. Сопственикот на туристичката агенција „Нехар травел“ дозволил враќање на само 10 проценти од целата сума, велат дел од патниците.

Владата со мерки за спречување на ширење на коронавирусот, забрани патување во високоризичните земји со организиран превоз, за што предупреди, дека автобусите ќе бидат враќани од граница.

Турата на „Нехар травел“ требала да трае четири дена.

Би можело да ве интересира

Регистрирани се нови 57 случаи на Ковид, четворица починати како последица на вирусот

Катерина Ѓуровски

СДСМ: Се случи најлошото, почина пациентка која не била примена на интензивна нега на Инфективна клиника

Катерина Ѓуровски

Вкупно 250 случаи на Ковид-19 во јули во државава

Грип, ковид и инфекции на дишните патишта ги полнат амбулантите и болниците

Научниците алармираат поради новата варијанта на Ковид-19

Горан Наумовски

Прва тужба во Германија поради последиците од вакцината против корона на Фајзер

Ана Ололовска