Бразилскиот претседател Жаир Болсонаро ги повика своите приврзаници да ги суспендираат собирите што планираа да ги оддржат утре во најголемите градови во земјата заради ризикот од ширење на коронавирусот.
Цел на демонстрациите е притисок врз Конгресот да се одобрат правосудните закони на Болсонаро, пренесуваат британските медиуми.
Прес секретарот на бразилскиот претседател вчера беше позитивен на коронавирус.
Тој бил во делегацијата на Болсонаро која во саботата вечерала со американскиот претседател Доналд Трамп.
И Болсонаро вчера беше тестиран на коронавирус, а резултатите ќе бидат познати денеска.