Министерството за здравство информираше дека вчера попладнето за коронавирус биле тестирани 4 лица од Струмица кои биле во контакт со првата пациентка што беше примена на Клиниката за инфективни болести, по враќање од Италија. Нивните тестови се негативни на вирусот. Исто така, биле тестирани и други 8 сопатници од Скопје на истата пациентка и нивните резултати беа негативни на корона вирустот.
Практично, сите сопатници од комбето на прво заболената кои во изминатите две недели беа во домашна изолација се негативни на вирусот.
Министерството за здравство во текот на вчерашниот ден информираше дека за коронавирус биле тестирани уште 7 лица со симтоми на вирусот и нивните тестови се негативни.
Во моментов на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби се хоспитализирани 9 пациенти, од кои 8 се позитивни на вирусот, а по вториот контролен тест, првозаболената е негативна на вирусот, што значи дека таа не е повеќе инфективна, но останува на болничко лекување до нејзиното целосно закрепнување.