Италијанец кој презеде екстремни мерки за да се заштити од коронавирус, стана хит на социјалните мрежи кога беше објавена снимката од неговиот „супер диск“.
Станува збор за човек кој отишол во супермаркетот „облечен“ во необичен костум, односно ставил појас полупречник од 1 метар околу половината – онолку колку што е препорачано да се држи растојание.
Во земја во која, според најновите бројки, заразени се 15.000 луѓе, а повеќе од 1.000 починаа, не чуди што поедини луѓе се склони да излезат со свои решенија, но овој Италијанец, во својата паника, успеа да насмее многумина.