Трката за Големата награда на Австралија, прва во овосезонскиот календар на Формула 1, е откажана поради пандемија на коронавирус, објавија денес водечките светски медиуми.
Формула 1 и Светската автомобилска федерација (ФИА) сè уште официјално не ја потврдија одлуката.
Медиумите повикаа на неименувани, но високи функционери на организацијата.
Поништувањето на трката во Мелбурн, наводно, го доведува во прашање остатокот од сезоната во Формула 1.
Трката за Големата награда на Австралија е предвидена да се одржи на 15 март.