Кај уште пет лица во Србија потврден е коронавирус, вкупно 24

Од:

Во Србија потврдено е коронавирус на уште пет лица. Досега се регистрирани вкупно 24 случаи на коронавирус.

Министерот за здравство, Златибор Лончар наведе дека од 25 тестирани лица во текот на денот, кај петмина бил потврден коронавирус.

Четворица од нив се пуштени во домашна изолација, а едно лице е задржано на болничко лекување и неговата состојба се следи.

До 18 часот, вкупно 185 лица биле тестирани во националната референтна лабораторија на Институтот Торлак.

До 8 часот беа потврдени 19 случаи заразени со коронавирус.

Би можело да ве интересира

Изгласана е новата Влада на Србија на чело со премиерот Милош Вучевиќ

(ВИДЕО) Уапсени 13 лица – мрежа на измамници преку кол центри од Србија украле милион евра од Германци

Анита Петровска Рајковиќ

Вучевиќ: Македонија ќе најде повеќе од партнер во Србија

А1он

Србија ги качи акцизите за гориво, кафе, алкохол

А1он

Вучевиќ ги соопшти имињата на министрите во српската Влада

Земјотрес во Србија