Во Србија поради коронавирусот хотелиерите загрозени, неостварен профит од два милиони евра

Од:

Туризмот и авијацијата во Србија се најмногу погодени од епидемијата на новиот коронавирус, порачано е на конференцијата за влијанието на Ковид-19 врз работата на српската хотелска и ресторанска индустрија.

Како што јави дописникот на МИА од Белград, посочено е дека се загрозени голем број хотели, отпуштени се првите луѓе во хотелите, како и дека се откажани сите хотелски настани. Се проценува дека се откажан 8.765 ноќевања и 27.828 групни ноќевања, а неостварениот профит засега изнесува околу два милиони евра.

Хотелиерите решија да преземат одредени мерки, меѓу кои е и намалување на данокот на храна и пијалоци во хотелите од 20 на 10 проценти, како и да побараат директна помош за некои хотели.

Би можело да ве интересира

Шефот на дипломатијата на ЕУ ја предупреди Србија

Србија го доби најмодерниот воз во Европа: Од Белград до Будимпешта за помалку од три часа

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Силно невреме со град ги зафати Босна и Србија

Влатко Стефановски на 6 јули со концепт во Ниш ќе го прослави 50-годишниот јубилеј на сцената

Силно невреме во Белград, паѓа град со големина на орев, дождот ги поплави улиците

A1on

Земјотрес на југот на Србија