• Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен
FacebookTwitterYoutube
Од: А1он
Македонија

Граѓанскиот суд нема да одлага рочишта поради превенција од коронавирус

by А1он12/03/2020 - 15:40289
Share0

Основниот граѓански суд – Скопје, ги негира наводите дека во овој суд се одлагаат рочиштата поради превенција за ширење на болеста COVID 12 (коронавирус), информираат од Одделението за односи со јавноста.

Добивај вести на вибер

Воедно, оттаму потенцираат дека се одлагаат само оние рочишта каде од страна на странката е даден предлог за одлагање, односно за кои одлагањето е предвидено согласно одредбите од Законот за парнична постапка, како и оние рочишта кај оние судии кои се опфатени со мерките на Владата на Република Северна Македонија за ослободување од работни обврски.

– Во моментов во судот се одлагаат рочиштата само на вкупно 10 судии и тоа на тројца судии кои се во самоизолација поради патување во странство, на пет  судии кои ја користат мерката за ослободување од работни обврски на родител на дете до 10 години и на двајца судии кои се хронично болни, се вели во соопштението на Основниот граѓански суд – Скопје.

Истовремено оттаму поосчуваат дека тие во целост ги применуваат заклучоците од Владата на Република Северна Македонија за спроведување на мерки и активности за превенција од ширење на болеста COVID 19 (коронавирус) и истите ќе ги применува сè до донесување на нови мерки и препораки од страна на Владата на РСМ.

grajganski sudkoronavirusrocista

Би можело да ве интересира

Кривичен суд: Рочиштата за главна расправа се одложени поради непостапување на Затворските установи

Горан Наумовски19/08/2025 - 14:33

Влада: Решенијата за изолација ќе бидат испорачани до граѓаните преку веб платформа со целосна заштита на личните податоци

А1он02/02/2022 - 18:45

Нови препораки за патување во земјите од ЕУ во текот на пандемијата

А1он25/01/2022 - 16:30

Шахпаска – Донев: Економските мерки за справување со последиците од Ковид 19 дадоа позитивни резултати и во двете земји

А1он01/12/2021 - 17:08

Кунгуловски: Омикрон-сојот може да се открие со ПЦР, сѐ уште не е детектиран кај нас

Маја Илиевска-Пачемска01/12/2021 - 13:2501/12/2021 - 20:49

Грчката апликација за проверка на Ковид документите не ги препознава сертификатите на трети земји, но тие се валидни и признати во Грција

Ана Ололовска08/11/2021 - 13:4608/11/2021 - 14:48
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен