Тричлениот меѓународен екипаж на вселенската капсула „Сојуз“ денеска успешно се врати на Земјата, со што ја заврши својата мисија на Меѓународната вселенска станица, што траеше 193 денови.
Капсулата се спушти во степите на Казахстан, а астронаутите ги чекаа десетина хеликоптери подготвени да ги прифатат.
Екипажот беше составен од астронаутот на НАСА, Доналд Петит, Русинот Олег Коноњенко и холандскиот астронаут Андре Куиперс.