Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, го откажа денешното патување во Грција и предвидената посета на бегалски камп заедно со грчкиот премиер и комесарката за внатрешни работи Илва Јохансон, како и планираната средба со Кирјкакос Мицотакис, јави допиничката на МИА од Атина.
Доцна синоќа, од кабинетот на грчкиот премиер соопштија дека претседателката на Европската комисија телефонски го известила Мицотакис дека ја одложува посетата на Атина за побрзо да се оди напред со одлуките ЕУ за справување со коронавирусот.
Комесарката за внатрешни работи Илва Јохансон, пак, ќе пристигне во Атина и ќе оствари средба со Мицотакис