А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
InstagramTelegram
А1он
Од: А1он
Македонија

Германска комора: Отворени прашања по пресот на Филипче, да се решат во најкус рок

by А1он12/03/2020 - 10:2712/03/2020 - 10:591131
Share0

Вчерашната прес-конференција на министерот за здравство Венко Филипче во врска со коронавирусот остави неколку отворени прашања кои предизвикаа несигурност кај локалните компании и мора да бидат решени во најкус рок, реагира денеска Делегацијата на германското стопанство во земјава.

Следете a1on на Instagram Instagram

-Не е јасно дали државата или компанијата ќе продолжи да ги исплаќа платите доколку вработениот отсуствува од работното место, доколку компанијата му понуди на членот на семејството флексибилно и поволно за семејството работно време или работа во смени. Отворено е и прашањето во врска со заканата за преземање казнени мерки поради непочитување на мерките кое треба да се разгледа и од аспект на егзистенција на компаниите, вели директорот на Делегацијата, Патрик Мартенс.

Тој информира дека утре ќе се сретне со вицепремиерката за економски прашања, Мила Царовска.

-Ќе разговараме за клучните прашања на стопанството. По средбата ќе ве информирам за новите сознанија, наведува Мартенс.

Следете a1on на Youtube YouTube

Воедно потсетува дека Германската комора за индустрија и трговија (ДИХК) вчера ги објави резултатите од истражувањето за ефектите од коронавирусот врз германската економија.

-Откажани се саеми, манифестации, настани и патувања, а вработените се праќаат во карантин. Надворешната трговија, особено со Кина, изминатите неколку недели е во застој. Како резултат на вирусот скоро секоја втора компанија во Германија очекува намалување на продажбата во 2020 година. Покрај падот на продажбата, компаниите се соочуваат и со застој во оперативните процеси. Вкупно 70 проценти од компаниите веќе презедоа заштитни мерки за своите вработени против вирусот корона, 60 проценти имаат потреба да бидат информирани во однос на континуитетот на исплатата на плати, 45 проценти не се чувствуваат подготвени за справување со заразени, но и со можни сомнителни случаи во компанијата. Од гледна точка на компаниите потребно е да се преземат конкретни мерки поврзани со економската политика со цел задржување на персоналот како и ликвидноста на компаниите, пишува Мартенс.

filipcekoronavirusministerstvo za zdravstvo

Би можело да ве интересира

Нема лекарска грешка кај родилката која остана неподвижна, заклучи Стручната комисија

Катерина Ѓуровски24/09/2026 - 13:5924/09/2026 - 14:21

„Крварев и умирав од болки“ – медицинска сестра сведочи за голготата која ја минала во три болници

Катерина Ѓуровски14/09/2026 - 11:3714/09/2026 - 13:24

Филипче: Ова е арамиска власт – треба да знаат дека ќе одговараат, нема да избегаат

Горан Наумовски11/09/2026 - 14:08

(ВИДЕО) Филипче: СДСМ поднесе закон, минималната плата да се зголеми на 600 евра – работниците заслужуваат достоинствен живот

Горан Наумовски11/09/2026 - 13:4311/09/2026 - 13:45

(ВИДЕО) Филипче: Се потврди она што го кажав за договорите за избори меѓу ВМРО и ДУИ

Горан Наумовски10/09/2026 - 13:14

(ВИДЕО) Филипче: Мицкоски излажа, прославата за независноста чини 5 милиони евра народни пари

Горан Наумовски10/09/2026 - 12:3710/09/2026 - 16:36
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
InstagramTelegram
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео