140 години постоење на Тутунскиот комбинат-Прилеп

Од:

Тутунскиот Комбинат – Прилеп утре ќе одбележи јубилеј 140 години од своето постоење. По тој повод во претпладневните часови во спортската арена „Сонце“ ќе бидат одржани повеќе натпревари во различни дисциплини, а свое учество ќе земат екипи од Министерството за внатрешни работи, Армијата на Република Македонија, локалната самоуправа и од Тутунскиот комбинат.

По повод 4 април, во знак на почит пред споменикот на загинатите тутунски работници во НОБ, ќе биде положено цвеќе пред управната зграда во кругот на фабриката. Ќе бидат доделени награди за најдобар тутунопроизводител за 2012 година и најдобар работник во Тутунскиот комбинат.

В петок ќе биде организирана крводарителска акција за вработените во Тутунскиот комбинат.

Тутунските работници и здруженијата на тутунопроизводителите имаат голем повод за одбележување на 4 април. Имено, оваа година се навршуваат 60 години од постоењето на Сојузот за тутунски здруженија. По тој повод ќе се одржи свеченост во „Сонце ГА“ ,а притоа најавено е присуството на Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Димовски, претставници од Државниот инспекторат за земјоделство, Институтот за тутун, градоначалникот Марјан Ристески, како и претставници од фирмите за откуп и секако тутуно производителите.

За долгогодишната соработка со Сојузот и придонес во секторот за тутун, на институции и на поединци ќе им бидат врачени плакети и благодарници, а за најдобрите тутунопроизводители од страна на фирмите за откуп ќе им бидат доделени вредни награди.

Би можело да ве интересира

Експресниот пат Прилеп-Градско е затворен за сообраќај

ВИДЕО: Како се одвивала целодневната драма во Прилеп која заврши трагично

Убиецот од Прилеп фрлил бомба и пукал кон полицијата

Катерина Ѓуровски

Ги убил внукот и неговиот син поради кавга за имот, детали за случајот во Прилеп

Катерина Ѓуровски

Двојно убиство и самоубиство во Прилеп

Катерина Ѓуровски

За труењето на 38 работници во прилепска фабрика Центарот за јавно здравје дознал по шест дена