Трамп ги суспендираше сите летови од Европа за САД на 30 дена

Од:

Американскиот претседател Доналд Трамп ги суспендираше сите летови од Европа кон САД, освен оние од Велика Британија за период од 30 дена. Оваа одлука претседателот на САД ја соопшти откако вчера беше прогласена пандемија на коронавирусот.

Трамп синоќа имаше видео обраќање до нацијата во врска со одговорот на федералните власти на пандемијата на вирусот, кој според прогнозите на Светската здравствена организација би можел да предизвика смрт кај пет милиони Американци.

-Ограничувањата ќе бидат прилагодени во зависност од ситуацијата на теренот, истакна американскиот претседател и ја потенцира потребата да се сочува смиреноста.

Американците, кои поминале низ соодветните процедури на проверка ќе бидат исклучени од забраната, заедно со карго превозот, рече Трамп и додаде дека ситуацијата ќе се набљудува, при што постои можност летовите да бидат обновени и порано од предвидените 30 дена, објави амрикански „Сан“.

Трамп вети дека ќе им овозможи на вработените Американци да останат дома, без да стравуваат од финансиски потешкотии.

Би можело да ве интересира

Бајден ќе присуствува на инагурацијата на Трамп

Обвинителите се откажаа од случајот против Трамп поради напорите за поништување на изборните резултати

Америка потврди: Им дадовме зелено светло, можат да нападнат

Трамп планира да ги исфрли сите трансродови луѓе од војската на првиот ден на функцијата пишува „The times“

Катерина Ѓуровски

НАТО соопшти за што разговарале Руте и Трамп

Кремљ: Ударот со хиперсонични ракети е предупредување за Западот