А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен
FacebookTwitterYoutube
А1он
Од: Мери Јордановска
Македонија

МВР најави санкции за ширење лажни вести за коронавирусот, но не кажа какви

by Мери Јордановска11/03/2020 - 20:16356
Share0

Откако министерот за здравство Венко Филипче го повика Министерството за внатрешни работи денеска да објави соопштение во кое ќе се најават санкции за сите корисници на социјални мрежи кои шират дезинформации за коронавирусот и за медиумите кои ги пренесуваат, МВР вечерва испрати соопштение со кое ги осуди „лажните вести“.

Добивај вести на вибер

Сепак, во соопштението нема никакви детали за тоа според кој закон и како ќе бидат санкционирани граѓаните и медиумите кои шират дезинформации. Освен што се вели дека „ќе нема компромис во санкциите“, нема прецизно објаснување какви ќе бидат тие.

„Лажните вести кои создаваат неоснована паника имаат долгосежни последици и врз општествената состојба но и врз колективното здравје на граѓаните. Ваквите злоупотреби ќе бидат законски санкционирани затоа што на овој начин се вознемируваат граѓаните и се создава непотребна паника. Нема да има компромис во санкционирањето на оние кои свесно шират лажни вести“, се вели во соопштението на МВР.

Од Министерството апелираат до медиумите и корисниците на социјалните мрежи да се повикуваат единствено на официјално објавените податоци од надлежните институции и за сите потребни информации да се обратат до Министерството за здравство, секторот за односи со јавност во Владата или останатите релевантни институции, кои постојано ја информираат јавноста со обновени податоци неколку пати во текот на денот.

koronavirusmvr

Би можело да ве интересира

Лишени од слобода 15 возачи поради возење без возачка дозвола, со активна забрана и под дејство на алкохол

Предраг Петровиќ28/02/2026 - 16:18

„Безбеден град“ детектира 4.910 прекршоци за седум дена

Горан Наумовски23/02/2026 - 13:32

Тошковски: Донација од САД вредна околу еден милион евра за бомбашкиот оддел на МВР

А1он18/02/2026 - 16:05

Ги криеја регистарските таблици – полицијата приведе двајца скопјани, а возилата им се одземени

А1он14/02/2026 - 19:25

Припадничка на МВР киднапираше и претепа колешка, причината засега е непозната

Горан Наумовски13/02/2026 - 12:4413/02/2026 - 12:45

МВР: Запленивме над 40 тони дрога и биомаса

Горан Наумовски07/02/2026 - 15:1507/02/2026 - 15:17
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен