Од јануари 2016 година до денеска во Сирија погинале 480 здравствени работници и пациенти, се наведува во извештајот на Светската здравствена организација.
СЗО денеска информира дека во Сирија од 2016 година документирала над 500 воени напади врз здравствени установи.
Две третини од нападите се случиле на северозападот од Сирија, каде борбите се интензивираа во последните неколку месеци заради офанзивата на сириската војска, помогната од руските сили, против последните упоришта на протурските бунтовници во земјата, пренесе Хина, повикувајќи се на британските медиуми.
Русија и Турција, кои ги поддржуваат спротивставените страни во оваа граѓанска војна, минатата недела договорија примирје, кое досега само незначително е прекршено.
Според СЗО, во периодот од 2016 до 2019 година се случиле 494 напади, а во 2020 година организирани се уште девет напади, што однеле десет животи.
-Тоа што загрижува е што дојдовме до точката кога нападите врз здравството, што меѓународната заедница не смее да го толерира, го земаат „ здраво за готово“, како нешто на што сме навиканти, изјави Ричард Бренан, регионален директор на СЗО за вонредни ситуации во источен Медитеран.
СЗО тврди дека во Сирија функционираат само половина од здравствените установи на северозападот од земјата, каде има околу еден милион раселени лица.