Дванаесет нови пациенти се тестираат за коронавирус, заболените се во стабилна состојба

Од:

Дванаесет нови пациенти се тестираат дали се позитивни на коронавирусот. Министерот за здравство, Венко Филипче, кажа дека станува збор за лица кои патувале во Италија, како и комшии на веќе заболените лица од Дебар. Тој потенцираше дека мора да се почитуваат донесените мерки од страна на Владата, а тоа се задолжителна 14-дневна изолација доколку некој доаѓа од ризичните региони, темелно миење на рацете и дезинфекција.

„Се тестираат 12 пациенти. Двајца патувале во Италија и дошле здрави пред 5-6 дена, а утрово развиле симптоми. Осум лица од Дебар кои што се комшии на тројцата заболени и хоспитализирани пациенти, а живеат во куќа која е лепенка до домот на заболените. Тие имале интензивни контакти со лицата од Дебар кои се на Инфективната клиника. Понатаму, уште двајца пацинети, лице од Кочани кое патувало во Италија и лице испратено од Центарот за јавно здравје од Прилеп“, рече Филипче.

Седумте пациенти кои веќе се примени на Клиниката за инфективни болести се во стабилна состојба, информираше Филипче. Тој кажа дека ниту еден од пациент нема потреба од механичката вентилација.

„Констролниот тест на пациентката која беше прва примена е негативен и наредните денови ќе биде пуштена на домашно лекување“, кажа Филипче.

Засега, ниту едно лице од оние кои се во изолација поради контакти со директорката на Клиниката за дерматологија која е заразена од коронавирусот, не појавило симтоми на болеста.

Би можело да ве интересира

Научниците алармираат поради новата варијанта на Ковид-19

Горан Наумовски

Прва тужба во Германија поради последиците од вакцината против корона на Фајзер

Ана Ололовска

Кинески научник: Можно е пандемијата да започнала со истекување на вирусот од лабораторија

Ана Ололовска

СЗО прогласи крај на пандемијата на коронавирус

Ана Ололовска

Шефот на СЗО: Не можеме да знаеме како настанала короната додека Кина не ги објави своите податоци

Ана Ололовска

Се појавија нови информации за потеклото на короната: СЗО бара Кина да ги објави

Катерина Ѓуровски