Привремено прекинат проектот „Зборувам на јазикот на мојот другар“ поради коронавирусот

Од:

Поради воведениот привремен прекин на наставата во градските средни училишта во прекин е и спроведувањето на проектот „Зборувам на јазикот на мојот другар“, што почна да се реализира минатата недела, информираат од Град Скопје.

Овој проект, како што посочуваат градските власти, ќе продолжи да се спроведува кога училиштата ќе продолжат со наставниот процес.

Проектот „Зборувам на јазикот на мојот другар“ се реализира во 11 средни училишта како една од главните активности на Стратегијата на Град Скопје за меѓуетничка интеграција и граѓанска вклученост. Во рамките на овој проект се реализираат бесплатни тримесечни курсеви за изучување на македонскиот, албанскиот и турскиот јазик, наменет за учениците и наставниците чиј мајчин јазик е различен од оној на избраниот курс. Со посетување на курсевите, учениците имаат можност да стекнат основни познавања на јазикот на кој зборуваат нивните соученици, што ќе придонесе за нивна јазична социјализација.

За оваа активност интерес пројавија вкупно 1.173 ученици и 69 наставници. Од нив, 769 ученици следат курс за изучување на македонскиот јазик, 224 ученици и 69 наставници посетуваат курс по албански јазик и 180 ученици следат курс по турски јазик.

Би можело да ве интересира

Влада: Решенијата за изолација ќе бидат испорачани до граѓаните преку веб платформа со целосна заштита на личните податоци

А1он

Нови препораки за патување во земјите од ЕУ во текот на пандемијата

А1он

Шахпаска – Донев: Економските мерки за справување со последиците од Ковид 19 дадоа позитивни резултати и во двете земји

А1он

Кунгуловски: Омикрон-сојот може да се открие со ПЦР, сѐ уште не е детектиран кај нас

Маја Илиевска-Пачемска

Грчката апликација за проверка на Ковид документите не ги препознава сертификатите на трети земји, но тие се валидни и признати во Грција

Ана Ололовска

САД фрлаат милиони дози вакцини во услови на глобален недостиг

Ана Ололовска