Уапсен скопјанец поради прашкаста материја, кумановската полиција поднесе кривична за поседување хероин

Од:

Во текот на вчерашниот ден, полициски службеници од СВР Скопје на ул.„Петар Дељан“ го привеле М.Ѓ.(29) од Скопје, затоа што при извршен преглед кај него била пронајдена прашкаста материја. По документирање на случајот, против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.

СВР Куманово, пак, поднесе кривична пријава против О.А.(41) од Куманово, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори“. На 16.10.2019 полициски службеници извршиле преглед на патничко возило „рено меган“, сопственост на пријавениот, при што пронашле и одзеле хероин.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Седум полицајци во болница по бркотница и судир со возач на „БМВ“ во Англија

Блокиран град во Германија, поставени барикади, се бара опасен убиец: Пронајдени три тела во куќата

Холандската полиција уапси повеќе од 500 луѓе за време на протестите на активистите за климата

Кривична пријава за полициски службеник од СВР Охрид, пронајдена му е дрога на работното место

Дилери од Скопје во импровизирани бункери во Бутел чувале дрога

Пет малолетници истепани од осум машки лица на автобуска во Скопје

А1он