НАСА во блиска иднина ќе „лови“ астероиди и ќе ги пренасочува кон други орбити.
Планирано е за овој амбициозен проект да бидат потрошени околу 2.6 милијарди долари.
Средствата ќе бидат насочени на вселенски брод, кој ќе може во отворената вселена да ги лови астероидите и да ги носи на Месечината.
Во првата етапа на мисијата беспилотниот брод треба да достигне астероид со маса од околу 500 тона.
Како што се очекува, овој единствен брод нема да биде изграден до 2025 година.