ВИДЕО: Директорката Биљановска веднаш ќе биде разрешена, клиниката ќе има в.д. директор

Од:

Директорката на Универзитетската клиника за дерматологија, Нина Цаца Биљановска, уште денеска ќе биде разрешена од функцијата, соопшти министерот за здравство, Венко Филипче. Тој кажа дека разговарал со претседателката на Антикорупциската комисија, Билјана Ивановска, која му кажала дека во конкретната ситуација, изборите не се проблем за Биљановска да биде разрешена.

„Разговарав со претседателката на ДКСК, која ми укажа дека кога има итност, постои ваква можност, така што, ние тоа ќе го направиме веќе денеска и ќе се назначи в.д. директор, бидејќи и покрај тоа што нема работен процес на Клиниката за дерматологија, сепак има административни работи“, рече Филипче.

Претходно, Лекарската комора посочи дека не може да и ја одземе лиценцата за работа на Биљановска, бидејќи според нив, во Законот за здравствена заштита не е наведено како треба да постапат доколку медицинско лице свесно го загрозува здравјето на останатите граѓани.

Министерството за здравство најави најостри мерки за сите кои нема да ги почитуваат препораките за заштита и превенција од појава на коронавирус.

Би можело да ве интересира

Влада: Решенијата за изолација ќе бидат испорачани до граѓаните преку веб платформа со целосна заштита на личните податоци

А1он

Нови препораки за патување во земјите од ЕУ во текот на пандемијата

А1он

Шахпаска – Донев: Економските мерки за справување со последиците од Ковид 19 дадоа позитивни резултати и во двете земји

А1он

Кунгуловски: Омикрон-сојот може да се открие со ПЦР, сѐ уште не е детектиран кај нас

Маја Илиевска-Пачемска

Грчката апликација за проверка на Ковид документите не ги препознава сертификатите на трети земји, но тие се валидни и признати во Грција

Ана Ололовска

САД фрлаат милиони дози вакцини во услови на глобален недостиг

Ана Ололовска