Чулев – Стаменковска: Фер избори, пријави притисок

Од:

Министерот за внатрешни работи, Наќе Чулев оствари средба со дополнителната заменик министерка во Министерството за информатичко општество и администрација, Невенка Стаменковска-Стојковски, на која е разговарано за спроведување и имплементација на кампањата „Фер избори, пријави притисок”.

Чулев истакна дека ќе се заложи за доследно спроведување на кампањата во целост во рамки на МВР.

„Заеднички беше констатирано дека притисокот врз вработените од сите сектори не е дозволив и дека оваа појава ќе биде санкционирана во согласност на законските прописи“, се наведува во соопштението.

Дополнителниот заменик министер, Стаменковска-Стојковски потенцираше дека МИОА, како што се посочува, интензивно презема активности за информирање и едукација, а ќе постапува и по сите пријави од страна на вработените во јавниот сектор.

Би можело да ве интересира

Кривична за четири лица за десет кражби

А1он

Полициска акција против криминална група за шврец на лекови, осомничени и вработени во Царина

Уапсен е странски државјанин на „Ќафасан“ – со фалц документи проба да излезе од Македонија

А1он

Поднесено обвинение за дел од осомничените во предметот со фалсификуваните возачки дозволи

ВИДЕО: Казнета е жената со „Поршето“ која фрлаше ѓубре во Лепенец

Во сообраќајка згасна животот на татко и син од Марино – се судрија со автомобил управуван од 19 годишник

А1он