Филипче повторно апелира на почитување на препораките за заштита од коронавирус

Од:

Министерот за здравство Венко Филипче на својот фејсбук профил повторно апелира граѓаните кои биле во некој од ризичните региони во Северна Италија, да останат во самоизолација 14 дена, бидејќи на тој начин се штити семејството и сограѓаните, а ако за време на изолацијата почувствуваат симптоми да го контактираат локалниот Центар за јавно здравје.

На властите, на граница или на медицинските лица, вели Филипче, кажувајте им исклучиво точни информации.

– Криењето на информации нема да ве заштити ниту вас ниту вашите најблиски. Тоа е неодговорно и кон целото општество. Одржувајте лична хигиена и почитувајте ги препораките кои во изминатите 14 дена активно ги комуницираме. Само заеднички можеме да се заштитиме и да го заштитиме јавното здравје. Јавното здравје е наша заедничка одговорност. Секој од нас може да придонесе за спречување на ширењето на вирусот и е должен одговорно да се однесува, посочува Филипче.

Би можело да ве интересира

Влада: Решенијата за изолација ќе бидат испорачани до граѓаните преку веб платформа со целосна заштита на личните податоци

А1он

Нови препораки за патување во земјите од ЕУ во текот на пандемијата

А1он

Шахпаска – Донев: Економските мерки за справување со последиците од Ковид 19 дадоа позитивни резултати и во двете земји

А1он

Кунгуловски: Омикрон-сојот може да се открие со ПЦР, сѐ уште не е детектиран кај нас

Маја Илиевска-Пачемска

Грчката апликација за проверка на Ковид документите не ги препознава сертификатите на трети земји, но тие се валидни и признати во Грција

Ана Ололовска

САД фрлаат милиони дози вакцини во услови на глобален недостиг

Ана Ололовска