Лекарската комора не може да и ја одземе лиценцата на директорката заболена од коронавирус

Од:

Директорката на Универзитетската клиника за дерматологија, Нина Цаца Биљановска, која не ги испочитува протоколите на Министерството за здравство за заштита од коронавирус и натаму ќе има лиценца за работа, бидејќи Лекарската комора вели дека не може да и ја одземе.

Според нив, во Законот за здравствена заштита не е наведено како треба да постапат доколку медицинско лице свесно го загрозува здравјето на останатите граѓани.

Лиценцата на докторката може да биде одземена доколку наложи судот, велат од Лекарската комора, бидејќи според нив, загрозувањето на туѓото здравје подлежи само на казна согласно Кривичниот законик.

За јавната опомена на директорката Биљановска, ќе одлучува комисијата при Лекарската комора во текот на утрешниот ден.

„Лекарската комора како професионална органзиација смета дека треба да ги информира докторите во врска со коронавирусот. Тоа го направивме преку нашата веб-страна каде ги објавивме препораките на СЗО, како и упатствата за здравствените работници и упатствата во случај на сомневање од постоење на коронавирус“, посочија од Лекарската комора.

Најостри казни за сите кај кои ќе биде утврдено дека не ги почутуваат препораките за заштита од коронавирус, најави вчера министерот за здравство Венко Филипче. 

„Секаде каде што ќе видиме дека има прекршок ние ќе преземеме најостри мерки на санкционирање. Освен тоа што таа е на лекување, во овој момент не можеме и ништо друго да преземеме во смисла нејзино разрешување, поради изборите, но мерки ќе има секако“, изјави за „А1он“ министерот Филипче.

Би можело да ве интересира

Влада: Решенијата за изолација ќе бидат испорачани до граѓаните преку веб платформа со целосна заштита на личните податоци

А1он

Нови препораки за патување во земјите од ЕУ во текот на пандемијата

А1он

Шахпаска – Донев: Економските мерки за справување со последиците од Ковид 19 дадоа позитивни резултати и во двете земји

А1он

Кунгуловски: Омикрон-сојот може да се открие со ПЦР, сѐ уште не е детектиран кај нас

Маја Илиевска-Пачемска

Грчката апликација за проверка на Ковид документите не ги препознава сертификатите на трети земји, но тие се валидни и признати во Грција

Ана Ололовска

САД фрлаат милиони дози вакцини во услови на глобален недостиг

Ана Ололовска