Андреј Жерновски продолжува неосновано да напаѓа за да го прикрие од јавноста својот криминал и непријавениот имот вреден милиони евра, реагира ВМРО-ДПМНЕ по денешната изјава на Жерновски.
– Деновиве во јавноста се појавија информации за непријавен имот од страна на Жерновски што го стекнал како невработено лице. Иако Антикорупциската комисија поведе постапка против него, тој и понатаму, со само за него логични обвинувања, го напаѓа Владимир Тодоровиќ, сакајќи да го сврти вниманието на јавноста, стои во реакцијата.
ВМРО-ДПМНЕ му порачува на Жерновски, „наместо да ја замајува јавноста, да им одговори на граѓаните како невработено лице успеало да стекне толку вреден имот и да ја понесе одговорноста врз сопствениот криминал“.