Шефот на британската здравствена служба Крис Вити денеска изјави дека ќе биде побарана самоизолација и од лицата кои се со поблаги симптоми на Ковид-19.
Тој рече дека тоа е следната фаза во борбата на британската влада против новиот коронавирус.
– Близу сме до ситуација, која најверојатно ќе се случи во следните 10 до 14 дена, кога од секого, па и од оние со најмала респираторна инфекција или треска, ќе побараме да се самоизолира на седум дена, појасни Вити.
Досега во Велика Британија од инфекцијата се заразени 319 лица, а починати се четворица.