Први случаи на коронавирус на Кипар

Од:

На Кипар денеска се регистрирани и потврдени првите два случаја на заразени со коронавирусот, а според тамошните медиуми станува збор за 64-годишен доктор и 25-годишно момче.

Министерот за здравство на Кипар, Константинос Јоану, на денешната прес-конференција со новинарите ги соопштии случаите, со што Кипар влегува на листата земји во кои е потврден Ковид-19.

Јоану објаснил дека 64-годишниот маж, доктор во државна болница во Никозија, на 3 март се вратил од Англија и дури вчера пријавил дека има одредени симптоми, по што анализите биле позитивни.

Министерот за здравство коментирал дека тоа што задоцнил пет дена да ги извести надлежните ги отежнува обидите за пронаоѓање на контактите.

Во однос на вториот случај, момчето на 26 февруари се вратило од Милано, му била извршена проверка на аеродромот и било побарано да остане во домашна изолација, но и покрај тоа, втората проверка била позитивна.

Би можело да ве интересира

Силен земјотрес го погоди Кипар

Кипар испраќа два авиона за справување со пожарите во Свети Николе и Чашка

Ердоган: Турција е подготвена да изгради воена база на Кипар, доколку е потребно

Ердоган: За Кипар не е можно федерално решение

Претседателот на Кипар: Нема друга опција освен обединување на островот

Инфлуенсер меѓу фаворитите за изборите за ЕУ ​​во Кипар: Никогаш не сум гласал, не знам ништо за ЕУ