Чулев учествуваше на работилницата за евалуација на менторството во полицијата

Од:

„Мое лично убедување е дека во изминативе две декади жените, независно дали зборуваме за општествениот или за институционален ангажман, а во конкретниов случај за Министерството за внатрешни работи, покажаа една издржана амбициозност, поткрепена со соодветна и квалититена наобразба и стручност, докажувајќи дека можат и знаат, подеднакво со таканаречениот – „посилниот пол“, да се носат со сите предизвици, вклучително и на безбедносната професија, а во голем дел од областите, особено на полициското работење, да бидат далеку поуспешни, поефикасни, поделотворни и од нивните машки колеги“ рече министерот Чулев.

Тој на почетокот на дводневната работилница за евалуација на менторството, што се одржува во Велес во организација на Секцијата на жени при Македонскиот полициски синдикат, поддржана од мисијата на ОБСЕ, истакна дека значајно е дека овој пат се оди еден чекор понатаму, односно менторството се елаборира од аспект на родовата рамноправност, принцип што веќе има фундаментално значење во развојот на секое модерно демократско општество.

„Неспорно е дека наспроти овој сериозен општествен реформски концепт се уште стојат одредени стари клишеа, навики и предрасуди. Но, тоа не смее да не дефокусира, напротив, нам ни е нужно континуирано образување, обуки, дискусии и активности, не само во насока на менување и надминување на стереотипите, туку и во поглед на градење на објективни перспективи за етаблирање на местото и улогата на жената како рамноправен субјект“, додаде министерот пред присутните.

Би можело да ве интересира

Кривична пријава за дваја полицајци, истепале приведен

Шпионска афера во кабинетот на претседателката: Обвинителството со месеци чека клучни докази од МВР

МВР: Има зачестена појава на измамнички пораки за наплата на сообраќајни прекршоци

А1он

Србин уапсен во Скопје: Осомничен за подготовка на платено убиство

Катерина Ѓуровски

Поднесена кривична пријава против припадникот на обезбедувањето на Мицкоски кој ја истепа сопругата

Катерина Ѓуровски

Поднесени кривични пријави за родителите на малолетничките кои тепаа и малтретираа 13-годишно девојче