Спасени 20 крави и 30 свињи од поплавите

Од:

Жителите на кумановското село Доведенце и службеници од подрачната единица на Центарот за управување со кризи (ЦУК) утрово спасиле 20 крави и 30 свињи, откако Крива река се излеала во атарот на селото и поплавила штала во која имало педесетина домашни животни.

Од утрово во атарот на кочанското село Чифлиг под вода се стотина хектари со ориз, каде надојдената река Брегалница се излеала од коритото и ги поплавила обработливите земјоделски површини.

Од Центарот за управување со кризи информираат дека постојано се следи ситуацијата на теренот, посебно во кумановскиот, кочанскиот и охридскиот регион, каде се регистрирани зголемувања на водотеците, но засега немало потреба од преземање на подрастични мерки за евакуација на стоката и населението.

Би можело да ве интересира

Источниот регион повторно под вода: Поплави во Чешиново–Облешево

Горан Наумовски

УХМР: „Жолто ниво на предупредување“ од поплави: Голема е опасноста од излевање на реките

Црвена тревога е прогласена за неколку региони во Грција

Рекордно зголемени водостоите кај Треска и Сатеска

Предраг Петровиќ

Најмалку девет лица загинаа во поплавите во Виетнам

(ВИДЕО) Катастрофални поплави во Шпанија: Пороите носат сè пред себе, луѓе се заробени во автомобили