Дојранското Езеро над нулта кота

Од:

Дојранското Езеро деновиве ја достигнува својата најповолна хидролошка состојба и првпат по 12 години од еколошката катастрофа ја надмина нулта котата за повеќе од 10 сантиметри.

Голем придонес за зголеменото ниво на Езерото имаат врнежите од дожд, зголемениот водотек од притоките од наша и од грчка страна, но и од природниот слив од планината Беласица.

Дојранските рибари велат дека надојдената вода ќе ја подобри општата состојба на Езерото и дека е добродојдена за мрестењето на рибите кои сега ќе имаат доволно кислород за живот, а туристичките работници сметаат дека водата го исполнува главниот услов за развој на туризмот.

Водата од Езерото, стигна до сламените чадори од главната плажа, на десетина метри од кејот.

Би можело да ве интересира

Нема пријави за излевање на Вардар кај Форино, ниту нови поплавувања на објекти на подрачјето на Кичево

Повторно врнежи денеска, нова закана од поплави

Катерина Ѓуровски

Гостиварското село Форино е најпогодено од поплавите

Мајка и две деца заглавени во една од полавените куќи во Гостиварско

Уште се поплавени домови, дворови, имоти, евакуираните во Кичево и натаму се во спортската сала

Катерина Ѓуровски

Се стабилизира состојбата по обилните врнежи во земјава