(ВИДЕО) Жерновски: Бесплатниот паркинг во Центар – првоаприлска шега на Тодоровиќ

Од:

Кандидатот за градоначалник на Центар, од Сојузот за иднината, Андреј Жерновски, посочи дека првоаприлска шега било ветувањето на Владимир Тодоровиќ за бесплатен паркинг во Центар.

„76 граѓани се жалат дека им е наплатено за паркинг на први април. За вакво нешто одлука мора да донесе советот на општината, а новиот совет, каде што мнозинство има опозициската коалиција се уште не заседавал. Граѓаните велат дека ова е првоаприлска шега на Тодоровиќ“, изјави Жерновски.

Се надева дека ова ќе придонесе и во вториот круг масовно жителите на Центар да излезат на гласање. Ја повика уште еднаш Антикорупциска да заседава за како што рече, да се докаже, дека она што го изнесе Бичиклиски е лага. Праша дали тој или Тодоровиќ има вила на Халкидики.

Во врска со уфрлените гласачи од Пустец, од кои дел од нив се сместени во семејството, на носителот на листа од ВМРО-ДПМНЕ за Центар, Жерновски посочи дека МВР е таа која што издава лични карти и дека ова дело не застарува, еден ден ќе биде обелоденето кој ги уфрлил на избирачкиот список лицата од Пустец.

Би можело да ве интересира

Јотова и Валчев водат со 2,7 процентни поени пред Ѓуров и Кандев

Горан Наумовски

Нови апсења во Србија поради планирање хаос за изборите: Приведен маж, пронајдени опасни предмети

ДИК: По пребројани 100 отсто од гласовите Радически од ВМРО-ДПМНЕ освои најмногу гласови, втор е Јахиј од НАИ

Предраг Петровиќ

Мицкоски: ВМРО-ДПМНЕ прогласи убедлива победа во Брвеница, 4 спрема 1, СДС декласиран

Предраг Петровиќ

СДСМ за Брвеница: Пад на гласовите на ВМРО и раст на гласовите на СДСМ за 46%

Партијата „Вреди“ не обезбеди пласман во втор круг од предвремените избори за Брвеница

Предраг Петровиќ