Зголемен водостојот на реката Брегалница во штипскиот регион

Од:

Зголемен е водостојот на река Брегалница во штипскиот регион. Жителите на старата штипска населба Ново село се загрижени поради зголемениот водостој на реката и стравуваат да не им се случат поплавите од пред еден месец. Општината заедно со екипите на јавните претпријатија ја следат состојбата со водостојот на реката Брегалница.

– Нема евидентирано штети, освен излевање на реката на одредени локации, се надеваме дека врнежите нема да бидат толку обилни врнежи од дожд, изјави портпаролот на Општина Штип, Драган Ристов.

Директорот на ЈП „Исар“, Никола Мицевски вели дека во моментов се поплавени бунарите на локалитетот АРМ, но останатите бунари на локалитетите Штипско езеро и Фортуна не се поплавени со што водоснадувањето на градот Штип се одвива без проблеми. Мицевски вели дека го следат зголемувањето на водостојот на реката Брегалница.

Би можело да ве интересира

Источниот регион повторно под вода: Поплави во Чешиново–Облешево

Горан Наумовски

УХМР: „Жолто ниво на предупредување“ од поплави: Голема е опасноста од излевање на реките

Црвена тревога е прогласена за неколку региони во Грција

Рекордно зголемени водостоите кај Треска и Сатеска

Предраг Петровиќ

Најмалку девет лица загинаа во поплавите во Виетнам

(ВИДЕО) Катастрофални поплави во Шпанија: Пороите носат сè пред себе, луѓе се заробени во автомобили