Поранешниот американски градоначалник на Њујорк, Руди Џулијани и сегашен поддржувач на актуелниот американски претседател, Трамп на својот твитер профил за демократскиот кандидат, Бајден напиша:
„Дали навистина треба да диагностицираме што не е во ред со него? Очигледно е. Како и да е, од кога тој е сенатор познат е неговиот корумпиран начин на продавање на службата за милиони (долари), а медиумите од мочуриштето го кријат тоа“.
Do we really have to diagnose what is wrong with him? It’s obvious.
However, like his corrupt pattern of selling his office for millions since he was a Senator, the Swamp Media covers it up.
They hate DJT so much, they don’t care about the damage done to our country. https://t.co/5WLYqza3fz
— Rudy W. Giuliani (@RudyGiuliani) March 8, 2020
„Тие многу го мразат „ДЏТ“ (Трамп), тие не се грижат за штетата што е направена за нашата држава“, додаде Џулијани.
Џулијани го напиша овој твит како реакција на вчерашниот говор на Бајден во кој демократскиот кандидат за претседател го заборави името на Обама, па кажа „мојот шеф“.