Бакрачески и официјално ја презеде градоначалничката функција во Охрид

Од:

Никола Бакрачески денеска и официјално ја презеде функцијата градоначалник на Охрид.

Свечениот чин на примопредавањето се одржа во Кабинетот на градоначалникот во општинската зграда, каде на новиот градоначалник официјално му беше предадено уверението од претседателката на Општинската изборна комисија.

Во првото обраќање како градоначалник на Охрид, Бакрачески истакна дека на средбата со неговиот претходник биле разменети информации за обврските што ги има општината и јавните претпријатија што произлегуваат од неа, начинот на функционирањето на локалната самоуправа, како и за предизвиците што тој како прв човек на градот и новата администрација ќе се соочуваат во идинина.

– Предизвиците со кои ќе се среќава Охрид и граѓаните се доста сериозни и многубројни. За решавање на некои од тие проблеми ќе биде потребно време, за некои месеци, можеби и години. Чекорењето по патот на успехот и решавањето на проблемите ќе биде долго и нашето искачување ќе биде доста стрмно, рече Бакрачески.

Тој истакна дека освоените 21 илјада гласови се голема победа, но истовремено и голема обврска за реализирањето на сите проекти ветени во предизборниот период.

– Граѓаните очекуваат промени во Охрид, тие го дадоа својот глас со очекувања на реализација на ветеното и од денеска ќе побарам од сите да дадат вистински охридски завет дека без треперења и цврсто ќе зачекорат кон изградба на посветла иднина на Охрид, додаде Бакрачески.

Функцијата градоначалник на Охрид изминатите осум години односно два последователни мандати ја извршуваше Александар Петрески.

Би можело да ве интересира

Филипче: Ние сме подготвени за избори, ќе настапиме многу организирано и многу поуспешно

Објавени се конечните резултати од изборите во Подгорица

Проруската владејачка партија прогласи победа во Грузија, опозицијата излегува на протести

Предраг Петровиќ

Бугарите викендов одат на седми предвремени избори во последните четири години, неизвесно е кој ќе биде иден мандатар

Анкети: Екстремно десничарската Партија на слободата на Австрија победи на изборите

ВИДЕО: Го натераа Џо Бајден да стави капа „Трамп 2024“