Полицијата во главниот град на Киргистан денеска уапсила околу 60 лица, откако група мажи прекинале недозволен протест организиран по повод Меѓународниот ден на жената.
Тоа се случило на главниот плоштад во Бишкек, јавија локалните медиуми.
Демонстрантите се собрале за да дадат поддршка за правата на жените и децата, но непознати мажи го прекинале собирот.
Полицијата соопшти дека се уапсени лица од двете групи, но повеќе медиуми објавија дека уапсени биле претежно жени.
Според новинската агенција Акипрес, уапсените биле ослободени неколку часа подоцна, а 10 биле обвинети за спротивставување на полицијата и казнети со по 70 долари.