Двајцата сопружници заболени од коронавирусот се во стабилна состојба

Од:

Состојбата на двајцата сопружници заболени од коронавирусот кои се хоспитализирани на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби е стабилна, информираат од Министерството за здравство.

Стабилна е и првата заболена пациентка, чиј последен контролен тест беше негативен, но во текот на утрешниот ден ќе биде направен уште еден тест за да се потврди резулатот, односно да се потврди дека таа повеќе не е инфективна.

– Во вторник истекува перидот на изолација на сите сопатници кои на 26 февруари пристигнаа со првата заболена пациентка. Тоа е практично 14-тиот ден на кој ќе биде направена темелна евалуација од страна на епидемиолозите, а по што ќе биде прекината или продолжена изолацијата соодветно на секој поединечен случај, велат од Министерството.

Во текот на вчерашниот ден, ДЗСИ ги поделило решенијата на сите патници и блиските контакти на заболените кои на 27 февруари пристигнале во земјата. Решенијата подразбираат здравствен надзор и контрола на домашната изолација во соработка со полиција, а за непостапување по решението следуваат правни санкции.

Согласно новата состојба и мерките кои ги презеде италијанската Влада во текот на утрешниот ден по состанокот со Комисијата за заразни болести и формираниот комитет за следење и информирање за состојбите со коронавирусот, а во консултација со сите релевантни институции, Министерството за здравство ќе  информира за евентуални нови мерки за превенција и заштита од понатамошно ширење на вирусот.

Би можело да ве интересира

Андовски: Уште двајца од пожарот во Кочани се во релативно тешка состојба

А1он

Тројца пациенти денеска се враќаат од Шведска и Грција

МЗ: Ги следиме потребите на населението во Кочани, на терен зајакнати медицински тимови

МЗ: 152 пациенти се хоспитализирани во различни здравствени установи низ државата, 18 се во критична состојба

А1он

Верификацијата на телефоните за „Мој термин“ е еднократна објаснува Министерството

Катерина Ѓуровски

МЗ: Забрана за посети на хоспитализирани пациенти и носење заштитни маски во здравствените установи

А1он