ФОТО: Децата од Европа градат детски игралишта во Струмица

Од:

Децата од Европа заедно со струмичките деца градат детски игралишта на територијата на општина Струмица. Во овој меѓународен хуманитарен проект се вклучени 228 деца – тинејџери од училиштата во Западна Европа заедно со нивните раководители, лидери и капитени.

За период од пет дена, а со помош на своите врсници од училиштата во Струмица, тие ќе ги градат и монтираат елементите со кои ќе се внесат нови содржини во дворните места во општинското основно училиште „Сандо Масев“, во два клона на детската градинка во Струмица, како и во училиштата во населените места Моноспитово, Радово и Бориево.

deca-strumica-03-04 (1)

Покрај збогатувањето и освежувањето на дворните места за овие пет дена, децата од Европа и децата од Струмица ќе имаат можност да се дружат, да стекнуваат нови пријателства, да разменуваат искуства и да одржуваат интеракциски активности со часови по англиски јазик и спортски настани.

deca-strumica-03-04 (2)

Овој меѓународен хуманитарен проект за изградба на детски игралишта е организиран од невладината организација „Јанг Лајф“ од Германија и бугарската „Добредојдовте во Бугарија“. Општина Струмица во оваа меѓународна активност се вклучува со сите расположливи ресурси и логистика.

deca-strumica-03-04 (3)

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Нов протест на земјоделците во Струмица

Завршени се инспекциските контроли за случајот со 19-годишната родилка, ќе има и стручен надзор

Горан Наумовски

Пожарникарите спасија мајка и дете кои паднаа во бездна кај Струмица

А1он

Пожар на депонијата кај Струмица, пожарникарите апелираат до граѓаните да останат смирени

Прегазена е жена во Струмица, заврши во болница

А1он

Невремето во Струмичко предизвика неколку пожари и штети на посевите