Тинк тенк форум и средба на министри за надворешни работи во рамки на Берлински процес

Од:

Во рамки на заедничкото претседателство со Берлинскиот процес за 2020 година на Бугарија и Северна Македонија од денеска до 10 март во Скопје ќе се одржат два настани – Тинк тенк форум и средба на министри за надворешни работи.

Средбата на министрите за надворешни работи ќе се одржи во Скопје во вторник 2020 година како дел од заедничкото претседателство со Берлинскиот процес за Западен Балкан 2020 година на Република Бугарија и Република Северна Македонија.

Станува збор за неформална средба во т.н. „ГИМНИХ“ формат, вклучувајќи ги и министрите од шесте земји од Западен Балкан и земјите-членки на ЕУ од Берлинскиот процес, како и претставници на ЕК, ЕЕАС и РСС.

По најавената нова методологија за пристапни преговори и во пресрет на Советот за општи работи во март, средбата ќе се искористи, меѓудругото, и како можност за дискутирање на европските перспективи на шесте земји од Западен Балкан (ЗБ6).

Во рамки на заедничкото претседателство, Институтот за демократија „Социетас цивилис“ – Скопје (ИДСЦС), во соработка со софиската канцеларија на Европскиот совет за надворешни работи (ЕЦФР), организира тридневен тинк тенк форум насловен „Стимулирање стратегиска автономија. Придонесот на Западен Балкан кон заедничка европска иднина.“

Тинк тенк форумот ќе се одржи од 8 до 10 март. Во вторник ќе има два заеднички панели меѓу министрите/претставниците на министерствата за надворешни работи на земјите-учеснички во Берлинскиот процес и учесниците на тинк тенк форумот. Двата панели ќе бидат затворени за прашања и коментари од публиката. Учесниците ќе се обратат на панелите врз основа на прашањата поставени од соодветните претседавачи на панелите.

Би можело да ве интересира

МНР: Почнува евакуацијата на македонските државјани од Блискиот Исток со чартер-летови

Горан Наумовски

МНР: Се подготвува евакуација на македонски граѓани од Израел

МНР предвиде 60 милиони денари трошок за евакуација на македонските граѓани од Блискиот Исток

Горан Наумовски

632 македонски државјани побарале информации за евакуација од погодените региони на Блискиот Исток

МНР: 473 македонски државјани контактирале ДКП во Тел Авив, Доха и Абу Даби

МНР: Над 400 сограѓани се заглавени во кризните подрачја, само 30 од нив сакаат да се вратат во Македонија