Елена Ристеска – бренд амбасадор на комплетно новиот спортски купе кросовер – NISSAN JUKE

Од:

Поп ѕвездата Елена Ристеска денес за време на осмомартовското „Женско рели 2020“ во организација на Автомобилистичката федерација на Македонија (АФМ) пристигна како горд сопственик на 100% комплетно новиот спортски купе кросовер – NISSAN JUKE.

Премиум брендот Nissan со својата понуда на иновативни и наградувани кросовери, а исто така и најпопуларни електрични возила го најавува пристигнувањето на JUKE – купе кое покрева една нова револуција – моделот подготвен уште еднаш да ги надмине своите перформанси на сегментот што и самиот ги создал.

„Заљубена сум во возилата на Nissan, иако ми беа понудени повеќе опции, уникатноста на моделот беше пресудна да изборот падне токму на JUKE. Како лојален клиент на брендот со нетрпение очекував да пристигне новиот модел со кој ќе го заменам оној кој веќе го возам. Tокму затоа со задоволство прифатив да бидам дел од денешната Осмомартовската трка, со останатите жени учеснички кои присуствуваат на настанот“, изјави Елена Ристеска.

„Покрај аеродинамичната каросерија и изглед кој воодушевува новиот JUKE ја поседува најсовремената технологија како: Nissan Intelligent Интеграција, Nissan Intelligent Mobility и ProPILOT технологија. Со напредна безбедност и асистирање при возењето сигурни сме дека е идеален партнер за сите професионални и приватни патувања на Елена која е дел од нашето Nissan семејство и долгогодишен пријател на авто куќата Аутомотив Груп“, изјави Симона Николовска – лице за односи со јавност и маркетинг комуникација – Аутомотив Груп.

Моделот Nissan Juke е веќе изложен во ексклузивниот салон на премиум брендот Nissan.Повеќе детали за моделот може да најдете на следниот линк

Би можело да ве интересира

Битиќи за владината набавка на 45 нови возила: Подобро е на лизинг, трошоците се помали

A1on

ЕСМ ќе плати 2,3 милиони евра за нови автомобили: Мора да имаат екран на допир и камера за паркирање

A1on

Луксуз во време на криза: МНР ќе потроши 900.000 евра за наем на 175 возила за самитот на ОБСЕ

A1on

Во Министерството за финансии треба да се одржи состанок со увозниците на моторни возила

Пет службеници од МВР дел од група која криумчарела возила вредни над 500.000 евра: Уапсени се 18 лица, за шестмина се бара притвор

A1on

Повеќе луксуз, повеќе перформанси: Светска премиера на новиот Porsche Cayenne

Ана Ололовска