Спасовски: Негативната изборна кампања е неодговорна кон граѓаните

Од:

Водењето негативна изборна кампања е неодговорно кон граѓаните. Да излеземе со позитивна кампања, да покажеме кои политики ќе ги реализирам и врз основа на тоа граѓаните да носат одлуки, апелираше денеска до сите политички субјекти техничкиот премиер Оливер Спасовски.

Коментирајќи ја можноста за негативна и жестока кампања и подготвеноста на Владата да спроведе фер и демократски избори, Спасовски вели дека Владата и институциите се подготвени да создадат амбиент за граѓаните да донесат слободна одлука на фер и демократска основа.

– Не е само Владата или институциите на системот таа што може да придонесе за фер кампања. Неколку пати апелирам и ќе го повторам апелот до политичките субјекти, да излезат пред избирачите и врз основа на концепти да дозволат да одлучуваат граѓаните. Мора да имаме програми, тие концепти да бидат спротивставени и на основа на таа борба на концепти да биде донесена вистинската одлука, изјави Спасовски на прес-конференција во Владата, за последните податоци за растот на БДП.

Би можело да ве интересира

Следува уште една изборна година

Ана Ололовска

Усогласување на владината програма и распределба на кадри во преговорите меѓу СДСМ и ДУИ

Ана Ололовска

ВИДЕО: ВМРО-ДПМНЕ бара Антикорупциската да отвори случај за финансирање на изборната кампања на СДСМ

А1он

Уште пет дена за договор за нова влада

А1он

СДСМ: Продолжуваат разговорите за нова влада со полн четиригодишен мандат

А1он

СДСМ тврди дека преговара за Влада со стабилно мнозинство, ВМРО-ДПМНЕ бара да ги кажат имињата на партиите

А1он