Мадуро: САД подготвуваат план за војна против Венецуела

Од:

САД подготвуваат план за војна против Венецуела, изјави венецуелскиот претседател Николас Мадуро на состанокот со гувернерите и градоначалниците во Каракас.

– Одлучија да подготват план за носење на војна и тероризам во Венецуела, за да ја дестабилизираат и исполнат со насилство, за покренување на вооружен судир и оправдание за воена интервенција врз нашата земја, истакна Мадуро по состанокот, што беше емитуван на државната телевизија.

Мадуро тврди и дека за оваа сценарио САД го избрале Бразил за сојузник.

– Бараме од демократските и хуманитарните кругови,, народот на Бразил и вооружените сили на таа земја да запрат каква било авантура против Венецуела на американскиот претседател Доналд Трамп, со поддршка на претседателот на Бразил, Жаир Болсонаро.

Тензиите во Венецуела се зголемија откако опозицискиот лидер Хуан Гуаидо, чие именување за претседател на Парламентот беше поништено од Врховниот суд на 23 јануари 2019 година, се прогласи за вршител на должноста претседател, а САД го признаа. Мадуро тоа го оцени како државен удар.

Би можело да ве интересира

Одговорот на Лавров: Соединетите Американски Држави и нивните сателити едноставно се плашат од фер конкуренција

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Објавена снимка од американски разурнувачи кои пукаат во ирански ракети

Џо Бајден се противи Израел да ги таргетира иранските нуклеарни локации

Најмалку 64 жртви на ураганот Хелена во југоисточниот дел на САД

Иран: Нема да се двоумиме, САД мора да ги прифати последиците

После 10 години, армијата на САД се повлекува од Ирак