Европската фудбалска асоцијација (УЕФА) излезе со вонредно соопштение во кое објави дека италијански судии нема да бидат делегирани за мечевите во Лигата на шампиони и во Лига Европа што се закажани за наредната недела.
Забраната, многу веројатно, ќе се однесува и за натпреварите што ќе следуваат по десет дена.
Ваквата одлука од европската фудбалска централа ја образложуваат со епидемијата на коронавирус кој најсилно ја нападна Италија од сите држави на стариот континент.