Македонката Александра Настеска која живее во Монтреал е номинирана за топ 25 имигранти во Канада, соопшти Обединетата македонска дијаспора.
Настевска е активист за зачувување на животната средина и прв македонски иселеник номиниран за оваа престижна награда, која им се доделува на 25 имигранти кои оставиле позитивен белег во канадското општество.
– Почестена и возбудена сум што ме избраа меѓу овие исклучителни 75 финалисти. Се надевам дека како финалист и како Македонка ќе им овозможам на канадските граѓани да дознаат повеќе за Македонија и нашата култура. Многу е важно да се подигне свеста на луѓето во врска со прашањата во Макеонија, за имигрантите во Канада, како и да оствариме уникатен придонес како нација и како индивидуални Македонци. Доколку победам, се надевам дека оваа награда индиректно ќе создаде можности за други Македонци во Канада и ќе ги охрабри македонските имигранти од целиот свет да ги остварат своите соништа и нивното посакувано место во општеството, вели Настеска.
Годинава во Канада беа номинирани 600 имигранти, а жири комисијата ја избра Александра Настеска како еден од 75 финалисти. Во минатото добитници на оваа награда се пратеникот Оливија Чоу, актерката номинирана за Оскар Депа Метха, како и гувернерите Адриен Кларксон и Мишеле Жан. Лауреати се имигранти кои имаат придонесено за канадското општество со поддршка и помош слична на таа што ја добиле кога прв пат пристигнале во Канада.
Александра Настеска е родена во Скопје каде што прв пат се активирала во движењето за правата на жените преку учества во јавни панели на ОН за статусот на жените во Македонија и на Балканот. Таа живее во Канада веќе осум години и има работено во канадската јавна адмиснистрација и невладиниот сектор. На дваесет и девет години Настеска ја почнала кампањата за канадско лидерство „Ние од Канада“ која прерасна во меѓународно признато движење за мобилизација за време на Рио+20 конференцијана Обединетите нации. Работела како директор за комуникации на кампањата, и координирала кординира повеќе од 40 волонтери низ целата земја со помош на нејзината стратегија за софистицирано ангажирање.
Настеска ја предводеше и турнејата и акцијата за дијалог во Канада за заштита на животната средина во 2012. Одржа говор пред истакнати канадски граѓани како што се д-р Дејвид Сузуки и Десарие МкГроу, како и извршниот директот на Жан Сауве фондацијата. Турнејата вклучуваше посети на 16 канадски градови (23 универзитети и 30 основни/средни училишта), и консултации со околу 8.000 млади канаѓани за нивните приоритети и идеи за заштита на животната средина во Канада.
Преку серија работилници и презентации низ цела држава, Настеска мотивираше илјадници млади канаѓани од цела држава да го достигнат својот целосен потенцијал како свесни граѓани за одржливост и промените во животната средина. Овие идеи беа презентирани и во финалниот извештај наречен „Каква иднина сакаат канаѓаните?“ за време на Рио +20 конференција на ОН.
Линкот на кој може да се гласа за Настеска е http://canadianimmigrant.ca/canadas-top-25-immigrants/vote/