Свеченото испраќање на олимпискиот факел во Атина на 19 март ќе биде без присуство на деца поради епидемијата од коронавирус, како и свечениот дочек во Токио на 20 март, објави претседателот на организацискиот одбор на игрите, Јоширо Мори.
Тој нагласи дека олимписката инфраструктура во Токио е подготвена и покрај дилемите дали настанот можеби ќе биде одложен поради ширењето на новиот коронавирус.
Последниот објект што требаше да заврши во февруари беше центарот за спортови во вода и рокот за негова изградба е испочитуван. Тој има капацитет за 15.000 гледачи и чинеше 523 милиони долари.