Тачи: Приштина подготвена за договор, Белград се колеба

Од:

Косовскиот премиер Хашим Тачи изјави синоќа дека Приштина била подготвена за договор, но колебањето било на страната на Белград. Тој најави дека новата рунда од дијалогот може да биде одржана во почетокот на следната недела доколку Србија ги прифати принципите на Приштина.

Тачи во Брисел по завршувањето на осмата рунда од дијалогот со Белград со посредство на ЕУ, изјави дека се надева оти „Србија следните денови ќе ги сикористи сериозно да размисли и дека договор ќе биде постигнат“.

Според него, Приштина изложила идеја која е позната во јавноста и била „максимално великодушна“, јави Танјуг.

– Сакам да кажам дека асоцијацијата (општини) нема да има извршни и законодавни овластувања, а подготвени сме да понудиме се што е во согласност со уставот на Косово. Ако Србија прифати принципи, следната рунда ќе биде во почетокот на следната недела, изјави Тачи. Додаде дека денешните средби не биле лесни бидејќи имало нови учесници кои како што рече, не ја прифатиле реалноста на Косово.

Тачи изрази задоволство поради тоа што ставовите на Приштина, како што потенцира, се согласни со ставовите на ЕУ и САД.

Би можело да ве интересира

Нов пограничен инцидент помеѓу Косово и Србија

Османи: Гледаме многу загриженост кај Албанците во Македонија во однос на правата стекнати со Охридскиот договор

УЕФА донесе одлука за прекинатиот натпревар меѓу Романија и Косово

Курти: Косово и Македонија немаат несогласувања, ние сме соседи, пријатели и партнери

Катерина Ѓуровски

Мицкоски пристигна во Косово, во тек меѓувладината седница

Катерина Ѓуровски

Заедничка седница на владите на Северна Македонија и на Косово во Приштина