Санела Шкријељ членка на Комисијата за труд и социјална политика на СДСМ и градоначалникот Драган Анастасов вечерва се сретнаа со пензионерите од Пробиштип со кои разговараа за подобрувањето на пензионерскиот стандард, но и за други актуелни прашања.
„Јануарската пензија на секој пензионер во државата исплатена во февруари е повисока за 722 денари. Ова зголемување не е ад хок, влегува во основицата на пензијата и ќе се исплаќа секој месец. Со тоа секој пензионер за една година ќе добие дополнителни околу 9.000 денари на своите сметки. Има разлика од претходно. ВМРО-ДПМНЕ во 2016 година даде усогласување на крајот од годината коешто беше околу 600 денари. Кога оваа сума ќе се подели на годишно ниво излегува дека месечно пензионерите добиле по околу 50 денари“ , истакна Шкријељ на средбата со пензионерите.
Таа рече дека зголемувањето е направено во услови кога пензискиот систем се стабилизира, дефицитот е намален, а приходите во фонот за ПИО се зголемени за 10%.
Градоначалникот Драган Анастасов рече дека Пробиштип ќе добие дом за стари лица.
„Со преадаптација на левото крило од Здравствен дом „Нада Михајлова“ во старечки дом ќе обезбедиме простор за сместување на 50 лица“, рече Анастасов.