Премиерата на новата генерација Toyota Corolla е закажана за саемот во Лос Анџелес. Но, сепак ќе биде прикажана нешто порано, пред ноември.
Ова го соопштува американското издание Edmunds, врз основа на извори од јапонската компанија.
Јапонците веќе го најавија својот нов модел со концептот Corolla Furia.
Се очекува серискиот автомобил да задржи голем дел од дизајнерски потфати на овој концепт – голема маска, моќни браници, атрактивни LED светла, широки арки на крилата, силуета на купе со четири врати, како и димензиите – 4. 620 mm должина, 1.805 mm ширина, 1.425 mm височина и 2.700 mm меѓуоскино растојание.