Првата епизода од третата сезона на Game of Thrones – Valar Dohaeris е симната повеќе од милион пати на Torrent клиентите за помалку од еден ден и постави своевиден рекорд.
Никогаш досега немало торент кој го споделиле толкав број на луѓе колку што имало за првата епизода од третата сезона за оваа серија, пренесува torrentfreak.com.
Претходно рекордот за најсимнуван и воедно најсподелуван торент го држеше премиерата третата сезона на серијата Heroes.
Продуцентите на серијата неодамна изјавија дека не им пречи што серијата е толку пиратирана, туку дека тоа претставува комплимент и овозможува да се зборува за неа.
А исто така Valar Dohaeris стана најгледана серија на HBO со 4,4 милиони гледачи на премиерата.