Косовскиот премиер, Хашим Тачи денес на состанок со американскиот помошник на државниот секретар Филип Рикер во Брисел, изјави дека евентуалниот договор би значел почеток на затворањето на поглавјето за судир и отворање на едно ново, за соработка и евроатлантска интеграција на Косово и Србија.
Во текот на состанокот како што стои во соопштението на кабинетот на косовскиот премиер, меѓу другото се расправало и за очекувањата на резултатот од дијалогот кој е во тек во Брисел.
Според Тачи договорот со српскиот премиер Ивица Дачиќ би го отворил патот до нормализација на односите.
Рикер нагласи дека САД се посветени на промовирање на дијалогот и мирно решавање на сите отворени прашања, помеѓу Србија и Косово, при што додаде дека Вашингтон го поддржува територијалниот интегритет на Косово.
Елена Георгиевска