Тачи: Ова е историски ден за Косово

Од:

Премиерот на Косово, Хашим Тачи пред состанокот со Кетрин Ештон изјави дека ова е историски ден за Косово и регионот.

Пред состанокот на кој што ќе се разговара за заедницата на српските општини на Косово, високата претсавничка на ЕУ, одвоено разговараше со српската делегација која ја предводи премиерот на Србија, Ивица Дачиќ и со делегацијата на Косово, на чело со Хашим Тачи.

-Ова е историски ден. Одлучувачки момент за Косово и регионот – изјави Тачи.

Во осмата рудна на дијалогот Белград и Приштина и понатаму клучно прашање е дали ќе се постигне договор за барањето на Србија, Србите на Косово да добијат институционална заштита за своите интереси во вид на заедница на српски општини на Косово.

Од друга страна е прифаќањето на Ахтисариевиот план, кој за Србите е неприфатлив.

Елена Георгиевска

Би можело да ве интересира

Нов пограничен инцидент помеѓу Косово и Србија

Османи: Гледаме многу загриженост кај Албанците во Македонија во однос на правата стекнати со Охридскиот договор

УЕФА донесе одлука за прекинатиот натпревар меѓу Романија и Косово

Курти: Косово и Македонија немаат несогласувања, ние сме соседи, пријатели и партнери

Катерина Ѓуровски

Мицкоски пристигна во Косово, во тек меѓувладината седница

Катерина Ѓуровски

Заедничка седница на владите на Северна Македонија и на Косово во Приштина