Филипче: ВМРО-ДПМНЕ да се извини за обвинувањата за имоти што не ги поседувам

Од:

Министерот за здравство Венко Филипче реагира на обвинувањата на ВМРО-ДПМНЕ дека семејството на неговата сопруга, заедно со сопственикот на „Синерџи“ Горан Филипов се сопственици на земјиште од над 13 илјади квадратни метри на Водно.

„ВМРО-ДПМНЕ продолжува со клеветите и инсинуациите за мене и за семејството на мојата сопруга. Повторно барам да се извинат за изнесените лаги. Апелирам да престанат да кажуваат невистини и да ме поврзуваат со сопственост на имоти кои ниту ги поседувам, ниту сум влијаел некој друг да ги поседува уште од 2015 година.
Денеска Стилоковски обидувајќи се да ја одржи во живот оваа банална приказна ме поврза со нови лица со кои, освен професијата, апсолутно ништо друго не не поврзува. Срамно е преку вакви конструкции без никакви докази за моја поврзаност во врска со наводните имоти кои ги споменува Стоилковски, да се продолжува моето оцрнување и оцрнувањето на семејството на мојата сопруга.
Уште еднаш ги повикувам институциите да ги истражат овие лажни наводи на ВМРО-ДПМНЕ и да докажат дека на ниту еден начин не сум ја злоупотребил функцијата, ниту сум инволвиран во ова за што денеска бев бесправно обвинет“, стои во соопштението на Филипче, кој додава дека е „трагично што во период кога сме посветени на справување со корона вирусот, Стоилковски и ВМРО-ДПМНЕ се обидуваат преку лаги да ја дефокусираат јавноста“.

Би можело да ве интересира

Филипче: Да се укине акцизата за горивата и ДДВ да се намали на 5%

(ВИДЕО) Филипче: СДСМ поднесе закон, минималната плата да се зголеми на 600 евра – работниците заслужуваат достоинствен живот

Горан Наумовски

Филипче: Нашата генерациска задача е да изградиме европска држава во која младите ќе сакаат да останат

СДСМ со ново барање до Владата: Минималецот да скокне на 36.000 денари

Филипче: За две години потрошувачката кошничка е покачена за околу 10.000 денари, а платите не мрдаат

(ВИДЕО) Филипче: Тажен почеток на училишната година, 3.000 помалку деца, 433 паралелки помалку, затворени 26 училишта